Пронајдени 21 мигрант од Пакистан, Ирак и Сирија во близина на село Лојане

Фатени четворица економски мигранти кои илегално ја преминале грчко-македонската граница
Фатени четворица економски мигранти кои илегално ја преминале грчко-македонската граница

Полициски службеници вчера пронашле 21 мигрант од Пакистан, Ирак и Сирија во близина на липковското село Лојане.

Како што информираат од МВР,  вчера во 21.50 часот на автопатот Табановце – Куманово, кај обиколница Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ауди Q7“, но возачот не застанал и побегнал со возилото. Потоа, по пребарување на теренот, во близина на влез на село Лојане, биле пронајдени 21 мигрант од Пакистан, Ирак и Сирија, кои биле предадени во Транзитниот центар Табановце за натамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.