Пронајдени црните кутии на авионот на „Флај Дубаи“

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочуство до семејствата и пријателите на загинатите во авионската несреќа на југот на Русија.

Путин порача дека е приоритет да се пружа помош за сите што ги загубиле своите сакани, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека гувернерот на Ростов, Васили Голубјев и рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Пучков поднеле извештај до Путин за истрагата од местото на настанот.

Гувернерот изјавил дека семејството на секоја жртва ќе добие околу 1 милион рубљи, што е околу 14.800 долари.

На местото на падот на Боингот во близина на Ростов, биле пронајдени двете црни кутии.

Пронајдени се и двете кутии и денес ќе биде одлучено кога ќе почне нивното дешифрирање. Тогаш ќе биде јасно што се случило со авионот: или станува збор за грешка на пилотот или се метеоролошките услови, изјави советничката на рускиот министер за транспорт Жана Терехова.

Како изгледаше падот на авионот, погледнете на следниот линк.