Пронајдени нови авионски делови од исчезнатиот Боинг 777

Пронајдени нови авионски делови од исчезнатиот Боинг 777
Пронајдени нови авионски делови од исчезнатиот Боинг 777

Нови авионски делови, кои е можно да се остатоци од исчезнатиот Боинг 777 се откриени на плажите на францускиот остров Реунион во Индискиот океан.

Случајни минувачи изутринава пронајдоа нови метални парчиња, кои веднаш се ставени под пломба во рамки на истрагата која се води во Франција за исчезнувањето на малезискиот авион во март 2014 година.

Откриениот дел од крилото, кој се претпоставува дека му припаѓа на авион од типот Боинг 777, од истиот тип како тој на Малезија. Овој дел од крилото веќе е испратен на анализа во Тулуз-Франција. Таа се очекува да започне во среда, а додека пронајдениот куфер на истата плажа е испратен во анализа во лабараторија на полицијата во парискиот регион, пренесува МИА.

Со помош на кодниот број ќе се овозможи побрза идентификација

Нови авионски делови од исчезнатиот Боинг 777
Нови авионски делови од исчезнатиот Боинг 777

Во моментов пронајдените остатоци поттикнаа поширока дебата на интернет и на блоговите наменети за пилоти. Најмногу се дискутира за делот од код пронајден на остатоците : BB670.

Кодниот број не од бројот на авионот, ниту пак станува збор за сериски број на моторот, вели Тилман.

Но, како што нагласува, доколку овој дел од авионот навистина припаѓа на исчезнатиот малезиски авион, благодарение на делот од кодот постои можност за побрза идентификација. Конечните заклучоци ќе бидат донесени за неколку дена.

Авионот од типот Боинг 777 на Малезиан ерлајнс исчезна на летот од Куала Лумпур за Пекинг на 8-ми март 2014-та година со 239 патници и членови на екипажот.

 

Повеќе за потрагата по исчезнатиот малезиски авион на следните линкови:

 

ФОТО+ВИДЕО: Пронајден предмет од исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс

Британците знаат каде е исчезнатиот авион, таму се уште не се трагало