Пронајдени облека и коски најверојатно од исчезнато лице во Пробиштип

Вчера во времето од 08,00 до 14,00 часот во с.Шталковица-Пробиштип, кај месноста „Проодиште“ поточно по течението на реката Шталковичка, била пронајдена коска и делови од облека, за кое се претпоставува дека се на лице пријавено за исчезнато.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип и ПС-Пробиштип, при што пронајдените предмети се подигнати и предадени за вештачење.