Пронајдени остатоци од исчезнатиот малезиски авион (ФОТО)

Француски експерт за авијација е уверен дека пронашле делови од авионот на летот MH370 – исчезнатиот малезиски авион. Авионот на Малезија ерлајнс исчезна во близина на брегот на Малезија во март 2014-тата, пишува британски „Телеграф“.

Ксавиер Титлеман, поранешен воен пилот кој во моментов специјализира за безбедност во авијацијата, бил контактиран утрово од страна на човек кој живее на островот Реунион во Индискиот Океан. Човекот му испратил на Тителман повеќе фотографии на кои се гледаат остатоци од авион, за кои се смета дека се од исчезнатиот авион.

Најверојатно станува збор за остатоци од Боинг 777

Според него и неговите колеги, врз основа на фотографиите може да се заклучи дека највертојатно станува збор за остатоци од авионот Боинг 777, односно ист модел како авионот на Малезија ерлајнс.

Според полицијата во Реунион, остатоците наликуваат како да биле под вода околу една година
Според полицијата во Реунион, остатоците наликуваат како да биле под вода околу една година

Според полицијата во Реунион, остатоците наликуваат како да биле под вода околу една година, што повоторно се поклопува со случајот на исчезнатиот авион на Малезија ерлајнс.Засега никој неможе да потврди со сигурност, но постојат големи шанси тоа да се остатоци од споменатиот авион.

Со помош на кодниот број ќе се овозможи побрза идентификација

Во моментов пронајдените остатоци поттикнаа поширока дебата на интернет и на блоговите наменети за пилоти. Најмногу се дискутира за делот од код пронајден на остатоците : BB670.

Кодниот број не од бројот на авионот, ниту пак станува збор за сериски број на моторот, вели Тилман.

Но, како што нагласува, доколку овој дел од авионот навистина припаѓа на исчезнатиот малезиски авион, благодарение на делот од кодот постои можност за побрза идентификација. Конечните заклучоци ќе бидат донесени за неколку дена.

Авионот од типот „Боинг 777“ на Малезиан ерлајнс исчезна на летот од Куала Лумпур за Пекинг на 8-ми март 2014-та година со 239 патници и членови на екипажот.

 

Повеќе за потрагата по исчезнатиот малезиски авион на следните линкови:

ФОТО+ВИДЕО: Пронајден предмет од исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс

Британците знаат каде е исчезнатиот авион, таму се уште не се трагало