Пронајдени торби со автоматска пушка, муниција и марихуана

По извршеното пребарување на непосредната околина, соопшти денеска МВР, во 15.30 часот на околу 30 метри оддалеченост, пронашле уште три торби во кои имало осум пакувања, секое со тежина од околу 400-500 грама непозната тревкаста материја, најверојатно марихуана.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица, Крим-техника и НК КР Гевгелија, а пронајдените предмети се подигнати за понатамошна постапка.