
На подрачјето на Рајево Село во Хрватска е пронајдено второ тело на маж, жртва на поплавите од пред две недели.
Од Вукаоварско-сремската полиција информираат дека станува збор за Фрањо Шолтес (66), по кого семејството трага од 17 мај.
Шолтес е последен пат виден на 17 мај, по што попуштил насипот на Сава.
Првата жртва од поплавите во Хрватска е Ружа Сиротковиќ (86), исто така од Рајево Село.
Поради поплавите кои ја погодија Хрватска, своите домови мораа да ги напуштат 11 илјади жители од подрачјето на Рајево Село.