Пронајдете го загубениот или украдениот телефон

Отсега Google Now може да ви помогне да го најдете загубениот или украдениот Андроид или иОС телефон.

Гугл имплементираше уште еден начин на кој што корисниците може да ги најдат своите загубени или украдени паметни елефони. Покрај Андроид телефоните, поддржани се и Ајфоните.

Гугл претходно ги додаде алатките Android Device Manager што ви овозможуваат лоцирање на уредот, бришење на податоцие, заклучување итн. Исто така, корисниците можеа да го лоцираат телефонот со едносавно отчукување на реченицата „find my phone“ во полето за пребарување.

Сега, благодарение на најноваа верзија корисниците може да пристапат кон алатката Find your phone преку нивниот профил на Гугл.