Пронјадено и одземено оружје во кумановско

Вчера во 17.00 часот во с.Белановце, кумановско, со потврда за привремено одземени предмети од Ф.Ј.(40) е одземена една автоматска пушка кал. 7,62, две рамки за куршуми за автоматска пушка 7,62 и тринаесет куршуми калибар 7,62, кои што наводно биле пронајдени на 16.10.2014 година во месноста Црвена Вода во с.Белановце при изведување градежни работи од страна на лице вработено во градежна фирма. Се работи на целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поденсок.