Пропадна гласањето на Законот за попис

Поради недостиг на 61 пратеник во собраниската сала, Собранието не успеа да ја оддржи 30-та седница.

На дневен ред беше Законот за лекови и интерпелација на вицепремиерот Димитров, но освен тоа пропадна и гласањето на Законот за попис на населението бидејќи беше предвидено доколку ги има потребните бројки за просто мнозинство од 61 пратеник, претседателот да побара да се отвори 29 седница на која единственото нешто што остана беше Законот за попис.

Но во салата немаше 61 пратеник. Од пребројувањето беше констатирано дека присутни се само 59.