Пропадна обидот за делумна приватизација на германскиот Аутобан

Германскиот министер за сообраќај Александер Донридн, од Христијанско-социјалната унија (CSU) се најде на ударот на критиките откако повеќе медиуми во текот на викендот пишуваа дека со години занел за финансиските проблеми на компанијата „A1 Mobile“ којашто закупи дел од автопатот меѓу Хамбург и Бремен, а сега ѝ се заканува стечај, поради што кон средината на седмицата поднела тужба против државата.

Компанијата „A1 Mobile“ во рамките на јавното приватно партнерство ја прошири делницата на автопатот А1 меѓу Хамбург и Бремен, и се грижи за нејзиното одржување, а за возврат со децении требаше да наплаќа патарини за товарните возила.

Меѓутоа, поради финансиската криза кон крајот на минатата деценија приходите биле многу помали од очекуваните. Од тоа и „A1 Mobile“ до денес не закрепнала па се наоѓа на работ од стечај, поради што поднесе тужба против Сојузна република Германија.

Според тврдењето на конзорциумот „A1 Mobile“, како што пренесуваат германските медиуми, досега во три обида за медијација било одлучено дека државата е одговорно за тешката финансиска состојба на автопатот А1, бидејќи по финансиската криза требала да ги промени договорите, за загубите да бидат поправедно распоредени меѓу државата, односно министерството за сообраќај и приватниот конзорциуми. Министерството за сообраќај, меѓутоа, одбило да ја надомести штетата тврдејќи дека станува збор за „претприемачки ризик“.

Според дневниот весник Sueddeutsche Zeitung, државата би можело да биде натерана да исплати отштета во висина од 787 милиони евра, што е над сто милиони евра повеќе од досега предвиденото.

Социјалдемократската партија на Германија (SPD), којашто е дел од ткн голема коалиција на власта, како и париит од парламентарната опозиција Левица и Зелените, ги обвинуваат миистерот Добринд , политичар од помалата сестринска демохристијанска унија CDU/CSU, дека зад себе остава „куп урнатини“.

На министерот му се забележува дека неговиот ресор бил поврзан со бројни скандали, од проблемот со лажирање на вредностите на издувните гасов, преку кавгата со партнерите во ЕУ околу патарините за личните возила, до најновиот скандал околу неуспешниот проект за вклучување на приватни партнери во стопанисувањето со мрежата на германските автопати.