Пропадна зделката за продажбата на израелските „F-16“ на Хрватска

306

Израел и официјално го известил министерството за одбрана на Хрватска дека не може да добие одобрување од САД за испорака на борбените авиони од типот „F-16 Barak“ на оваа членка на НАТО и ЕУ, изјави во четвртокот хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ, со што официјално е потврдено дека пропаднала зделката за купувањето на 12-те авиони.

Хрватската влада во март годинава донесе одлука за купување 12 борбени авион од типот „F-16 Barak“, стари треисетина години. Претходно во летото 2017 година Загреб испрати барање за набавка на авионите во пет држави, и тоа САД, Шведска, Грција, Јужна Кореја и Израел. Во октомври истата година беа отворени понудите и израелската беше избрана како најповолна. Во март минатата 2018 година, исто така, израелскиот премеир Бенјамин Нетанјаху ја потврди зделката во вредност од 500 милиони американски долари. Според договорот, Хрватска од Израел ќе ги купи борбените авион, произведени во САД но модернизирани во европски држави.

„По разговорите со израелските колеги можам да ве известам дека Државата Израел официјално го извести министерството за одбрана дека, спротивно на преземената одговорност, не може да издејствува одобрување од САД за испорака на израелските авиони ’F-16 Barak’ на Хрватска…“, рекол пред новинарите министерот Кристичевиќ истакнувајќи дека не е потпишан никаков договор меѓу двете земји и оти нема финансиски штети за неговата.

Крстичевиќ заклучил дека Хрватскла „направил се’ исправно“ и дека за „оваа неочекувана компликација“ нема никава одговорност од храватска страна, како и дека таа не можела да влијае врз неа.

Од договорот незадоволни бра САД, бидејќи во прв ред и тие учествувале на тендерот. Американските власти тврдат дека Израел не може да ги продаде авионите на трета страна без нивна согласност, особено ако, како во овој случај, земјата е директен конкурент на САД. Вашингтон се закани дека ќе го блокира спроведувањето на договорот, обвинувајќи го Израел дека се обидува да оствари полза за сметка на американските интереси.

На почетокот од декември 2018-та, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарал за ова прашање со американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на состанокот во Брисел. Како што беше известено, Помпео рекол дека не е против договорот склучен меѓу Израел и Хрватска, но оти него го блокирал министерот за одбрана Џејмс Матис, кој во меѓувреме си поднесе оставка од должноста поради несогласувањата со претседателот Доналд Трамп за повлекување на американските војнции од Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.