Пропаднаа преговорите за формирање на шпанската влада

Преговорите на шпанските социјалисти и една лева формација во парламентот околу формирање коалиција, пропаднаа ноќта кон четвртокот во пресрет на парламентарното гласање за владата, па премиерот Педро Санчез ќе остане без неопходната поддршка, соопштија неименувани избори од двете партии.

Владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија (PSOE) и левичарската групација Обединети можеме (Unidas Podemos), кои заедно имаат 165 пратеници во парламентот со 350 мандати не успеале да се договорат околу поделбата на министерството по шестиот круг од преговорите.

Дека двете партии тешко ќе постигнат договор беше видливо уште минатата седмица, по неуспешниот состанок на нивните лидери Педро Санчез и Пабло Иглезијас. Санчез одби да го има Иглезијас во својата влада, па вицепремиерското место ѝ го понуди на Ирена Монтеро, партиска колешка и девојка на Иглезијас.

Во вторникот во првиот круг од гласањето за владата, Unidas Podemos беа воздржани од гласањето, а PSOE ја доби поддршката од само 124 пратеници. Неопходна му е поддршката од 176 пратеници во парламентот во Мадрид.

Во четвртокот, во вториот круг од гласањето, ќе му бидат доволни повеќе гласови „за“ во однос на гласовите „против“, без разлика на тоа колку пратеници гласале. Меѓутоа, по припаднатите преговори со Unidas Podemos, се претпоставува дека ќе пропадне и овој обид.

Социјалистите од PSOE на изборите одржани на 28-ми април освоија 123 места во парламентот и оттогаш водат преговорите со левичарската Unidas Podemos кои имаат 42 мандати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.