Пропалестински протести во Европа, Австралија, Блискиот исток, Канада

Протести се одржани во саботата во градови во Европа, Австралија, Грција, Канада и земји во Блискиот исток како поддршка за Палестинците во судирите со израелската војска, преенсуваат агенциите.

Неколку стотици лица се собрали во саботата во центарот на Монтреал на протест за подршка на Палестинците. Учесниците на протестот излегле со палестински знамиња и пароли „Животите на Палестинците се важни“. Според првичните процени на полицијата, засега не се пријавени инциденти, пренесува телевизијата CBS.

Неколку илјади луѓе марширале во австралиски Сиднеј, а стотици во Мелбурн против израелските напади во Газа во судирот кој започна во понеделникот.

Во Сиднеј се собрале пред Градскиот совет и продолжиле по улиците извикувајќи слогани како „Слобода за Палестина“ и „Слобода за Газа“.

„Гледам бунт. На луѓето им е доста, тие стануваат и се бораа за себе, одговараат на угнетувањето и насилството“, го цитираат локалните медиуми во Сиднек, Вал Абу Еид.

 

Европа

Демонстрантите околу пладнето се собраа во Марбл Арч, крај Хајд Парк во Лондон, и продолжиле кон зградата на израелската амбасада истакнувајќи палестински знамиња и транспаренти на кои пишуваше дека бараат „ослободување“ на палестинските територии.

„Неопходно е бтиранската влада да веднаш да дејствува. Британската влада е соочесник во овие недела сѐ додека на Изреале му нуди воена, дипломатска и финансиска поддршка“, соопштија организаторите на протестот, меѓи кои биле припадници на здруженијата Запрете ја војната, Здруженијата на муслиманите во Британија, Палестинската кампања на солидарност и Кампањата за нуклеарни разоружување, пренесува Reuters.

И во центарот на шпанскат престолнина Мадрид во саботата на мирниот протест марширале околу 2.500 луѓе во знак на поддршка на палестинската цел – формирање своја држава, пренесува AFP.

„Ова не е војна, ова е геноцид“, скандирале демонстрантите во Мадрид.

„Од шпанските и европските власти бараме да не соработуваме со Израле, бидејќи тоа го прават реагирајќи со молкот на насилството кое трае на Блискиот исток“, изјавила за AFP, 25-годишната Иклас Анусиане, медицинска сестра од мароканско потекло, која како и многу жители на Мадрид учествувала на протестот.

Во Берлин десетици луѓе излегоа на улиците протестирајќи, како што рекле, изрелските воаени акции во Појасот Газа, извикувајќи „Слобода за Палестина“, пренесува aгенцијата DPA.

Во Хамбург 120 луѓе демонстрирале мирно, носејќи транспаренти со мапа на палестинските територии. Во неколку германски градови се одржаа противизраелски протести и имало антисемитски ициденти кои беа осудени од верските заедници и германските власти.

Во Париз, пак, имаше инциденти меѓу пропалистанските демонстранти и полицијата. Околу 4.200 полицајци и жандарми беа мобилизирани во француската престолнина, објави префектирата.

Полицијата во Париз употребила водени топови, солзавец и гумени куршуми против протестот за поддршка на Палестинците кои не го дозволија властите. И покрај забраната, протестот започна околу 15 часот по локално време во Барбес, во 18-от арондисман на главниот град .

„Палестина ќе живее. Палестинстина ќе победи“, извикувале демонстрантите во Барбес, а се слушнале и паролите „Израел убиец“.

Забраната на протестот ја бараше од полицијата министерот за внатрешни работи Жерар Дерманен, поради „опасноста од немири“, како што се случи во 2014 година по израелската офанзива во Газа, кога една пропалестинска манифестација прерасна во урбано насилство.

Полицијата беше распоредена за „веднаш да ги растера протестите“ што луѓето започнат да се групираат.

Агресивните учесници на протестот започнале да флраат шишиња и пиротехнички средства, и подметнивале оган.

Како што објави на Twitter францускиот министер за внатрешни работи Жерал Даманен, вкупно на сличните акции во целата земја бил приведен 51 демонстрант, од кои 44 во Париз. Еден полицаец бил повреден. На местото на судирите во Париз, останале превртени запалени контејнери за смет, уништени велосипеди и мопеди, остатоци од шишиња парчиња од облека и ѓубре.

Според процените на министерството за внатрешни работи во Франција, во пропалестинските акции во цела Франција учествувале 22.000 лица, од кои меѓу 2.500 и 3.500 во Париз.

Грчката полиција употреби солзавец и водени топови против демонстрантите во близја на израелската амбасада во главниот град Атина.

Демонстранциите за поддршка на Палестиците во контекстот на последната ескалација на палестинско-израелскиот судир во грачката престолнина беа организирани од вонпарламентарните крајно левичарски партии и организации. Исто така, на протестот присуствувале и бројни челнови на палестинската дијаспора во Грција.Во текот на протестот, демонстрантите за чија бројност засега нема податоци, почнале да фрлаат камења врз полицијата, која одговори со солзавец и водени топови за растерување на масата.

Грчката полиција подоцна започна со проведување на учесниците во пропалестинските протести во близина на израелската амбасада во Атина. Според медиумските извештаи, приведени се најмалку три лица. Грчките медиуми известуваат дека марш за поддршка на Палестинците се одржал и во Солун.

 

Либан, Ирак

Недалеку од границата на Либан со Израел во саботата, втор ден по ред во простестите учествуваа десетици Палестинци и Либанци, изразувајќи солидарнсота со Палестинците во Појасот Газа и во Ерусалим.

И покрај силното обезбедување од припадниците на либанската армија, некои демонстранти истакнуваа палестински знамиња, а некои сакндираа „Ние сме палестински маченици“.

Дел од демонстрантите се обиделе да пријдат до безбедносната ограда на граница, но либанските сили ги спречиле во тоа, пренесуваат медиумите. Во Либан живее голем заедница на палестински бегалци.

Додека демонстрантите се приближувале до ограда, изреалските војници биле во приправнсот. Во петокот еден демонстрант загина кога со група истомисленици успеа да ја мине орадата и со либанската да мине на израелската териротија.

Во ирачката престолнина Багдад илјадници Ирачани одржале пропалестински протест на повик на влијателниот шиитски клерик Моктад ал-Садр, кој е познат по својата антиамериканска реторика, јави иранската новинска агенција INA.

Некои од демонстраните палеле американски и израелски знамиња, и извикувале пароли како „Смрт за Израел, смрт за Америка“, веејќи палестински знамиња.