Пророштвото се поклопува: Третата светска војна ќе почне од Црна Moре?

Предвидувањата дека кризата во Украина може да прерасне во Трета Светска Војна доаѓаат од пророштвата кои секој ден се повеќе не’ уверуваат дека се вистина.

Катастрофи, па војна

Еден американски толкувач на пророштва Имајл Т. Чејс тврди дека „Откровението на Јован“  го предвидува токму нападот на Владимир Путин на Украина.

„Силни земјотреси, вулкански ерупции, цунами, епидемии, економски хаос…Се’ тоа е предвидено во „Откровението на Јован“. А метеорот кој ја погоди Русија токму кога тој се врати на претседателската функција само потврдува тој е антихрист. Затоа е можно нападот на Крим или Ураина да доведо до Трета Светска Војна“, тврди тој.

Некои наводи тврдат дека и Нострадамус ја предвидел Третата светска војна.

„Од Црното Море и Тартарија ќе дојде крал кој ќе ја гледа Галија, ќе помине преки Аланија и Ерменија  и во Византија ќе го остави својот крвав стап“, напишал Нострадамус.  Многу толкувачи сметаат дека овие негови стихови се поврзани со денешните случувања, посебно со тензијата околу Црното Море.

Креманско пророштво

Во познатото пророштво од Кремна, Митар и Милош Тарабиќ  ја најавиле Третата светска војна,

„Кога ќе избие војна, тешко на оние војски што ќе летаат на небо, а блазе им на оние што ќе војуваат на земја и по вода, рече Митар Тарабиќ, а запишано е во Креманското пророштво. Тој додал дека Србија нема да учествува, а потоа додал дека „Страшно ќе се потепаат Русите и Италијанците“.

Предупредување

Во описите на денешниот свет во пророштвото на Креманците се вели дека колку повеќе луѓето знаат, помалку луѓето мѓу себе ќе се сакаат и ќе внимаваат. Ќе се случи таква омраза што машините ќе бидат пречка до нивните најблиски. Луѓето повеќе ќе им веруваат на машините одошто на својот прв сосед.