Проруска партија води на латвиските избори

Проруската партија Хармонија со 19,4 отсто од гласовите е во водство пред прозападниот либерален сојуз ФОР/Развој кој освојува 13,4 отсто, според излезната анкета објавена во саботата навечер по одржувањето на парламентарните избори во Латвија, а сличното го покажуваат и првите пребројувања на гласовите кои ги објави државната комисија по пет проценти од обработениот избирачки материјал.

Наcционалната алијанса, десна партија која беше во досегашната владејачка коалиција е трета со 12,6 отсто од гласовите, а ја следи Новата конзервативна партја со 12,4 отсто од гласовите. Досега владејачките Унијата на зелените и селаните освојува 9,7 отсто а партијата Ново единство 6,9 отсто од гласовите.

Интересно е што поенцијалниот партнер на проруската Хармонија, суверенистичката КПВ е на петтото место со 11,5 отсто од гласовите, според анкетата спроведена мешу 6.400 ибирачи, од кои речиси третината не сакале да кажат за кого гласаат, според анектата на центарот за истражувања SKDS, објави агенцијата Leta.

Втората излезна анкета, којашто ја спровел Латвискиот универзитет во соработка со локалниот информативен портал Delfi, пак, објави дека ќе победи Новата конзервативна партија со 14,4 отсто, како и дека со 14 отсто во парламентот ќе влезат ФОР/Развој, па следат социјалдемократската партија и редица други партии.

Американскиот весник The Washington Post ги коментираше овие прелиминарни резултати со насловот „Етничките Руси имаат големо влијание на изборите во Латвија“, а агенцијата Reuters ден пред изборите објави дека „изборите во Латвија претставуваат тест за анти-руската решителност“.

За стоте мандати во парламентот се бореа 16 партии и коалиции, претставувани од 1.461 кандидат. Граѓаните се изјаснуваа на 954 избирачки места, а уште 121 беа отворени во 45 земји во светот.

Претседателот на партијата Хармонија, кој е воедно и градоначалник на престолнината Рија, Нилс Ушаковс, веднаш изјави дека сака да влезе во владата што на партијата не ѝ успеа во претходните три избори. Оваа партија е многу популарна во значајната руската и рускојазичната заедница и досега освојуваше голем број гласови, но не успеваше да влезе во владата, бидејќи другите партии одбиваат да соработуваат со неа.

Западните медиуми јавуваат дека наводно на „главната латвиска социјална мрежа бил изведен кибернетички напад со објавување на порака на руски јазик, со про-кремљска содржина“. Потоа работењето на мрежата била прекината и покрената е истрага, рекол портпаролот на мрежата, Јанис Палкаваниекс. Засега не се познати хакерите, ниту нивните намери.

Корисниците на мрежата Draugiem.Iv, позјанта и како Frype.com во соседните балтички земји, на екраните добиле порака на руски јазик „Другари Латвијци, станува збор за вас. Границите на Русија се безгранични“.

Се наведува во изештаите дека овие овие слогани се слични на руските националистички слогани кои се појавија откако црноморскиот поулостров крим во март 2014 година по двата референдума со огромно мнозинство се определи да си ја врати автомомијата укината по прогласувањето на независна Украина во 1990-те години и да се присоедини кон Руската Федерација. На полуостровот чиешто присоединување на Русија западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија, тогап се појавија електронски пораки „Русија запира каде што сака“ и „Русија може секогап да ги избере земјите со кои сака да има граница“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.