Проруските челници од Украина објавија дека мнозинството е за присоединување на Русија

Челниците на доминантно руските и рускојазичните југоисточни региони на Украина известија во вторникот вечерта дека огромно мнозинство од населението се изјаснило за присоединувањето на Русија на референдумите кои Киев и Западот не ги признаваат.

Плебисцитот е спроведено во четирите области кои тамошното население ги смета за историски руски области: Доњецк, Луганст, Запорожје и Херсон.

Во Луганск објавија дека 98,5 отсто од луѓето гласале за присоединување на Русија по 69 отсто од обработениот изборен материјал. Во Запорожје „за“ гласале 92,9 отсто од 70 проценти преброени гласачки ливчиња, додека во Херсон поддршка дале повеќе од 87 отсто. Во Доњецк „за“ гласале 95,75 отсто а „против“ 0,5 отсто по преброени 57 отсто од гласачките ливчиња.

Раселените луѓе од овие региони можеа да гласаат во Русија. Според податоците кои ги објави агенцијата РИА повеќе од 96 отсто тие гласачи решиле нивните региони да влезат во составот на Руската Федерација.

Црноморскиот полуостров Крим, каде што е историското седиште на руската Црноморска флота, по превратот во Киев во март 2014 година, со два референдума и со мнозинство од над 90 отсто изгласа прво враќање на самостојноста на регионот укината со осамостојувањето на Украина од поранешниот СССР во 1990-те и за враќање во составот на Руската Федерација од која и изваден во 1956 година. Москва набрзи потоа изгласа прифаќање на Крим во составот на федерацијата, а Западот инсистира дека тоа е нелегална руска анексија на украинска територија.

Украина, САД и Европската унија ги осудија референдумите како „нелегитимна присилна вежба за Русија да создаде правен изговор за анексија на тие региони“. На Западот се стравува дека рускиот претседател Владимир Путин секој обид на Украина да ги поврати тие територии може да ги смета како напад врз самата Русија и потсетуваат дека минатата седмица на ткн „колективен Запад“ му порача дека ќе биде употребено секое средство кои ѝ стои на Москва на располагање за одбрана на рускиот територијален интегритет.

Украина повеќепати порача дека руското анектирање на нови територии ќе ги уништи сите шанси за мировни преговори, од кои Киев ненадејно се откажа на почетокот од април откако беше постигнат извесен напредок во преговорите во Истанбул на крајот од март. Киев им се закани на жителите на регионите кои помогнале во организирањето на референдумите дека ќе се соочат со обвинување за предавство.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика Европската унија да воведе нови санкции против Русија за да ја казни за референдумот, но рече дека резултатите од гласањето нема да ги променат акциите на Киев на боиштето.

Путин во вторникот на јавната телевизија изјави дека референдумот е осмислен за да се оневозможи натамошен прогон на етничките Руси и оние кои зборуваат руски.

„Спасувањето на луѓето на сите подрачја каде што се одржува референдумот е нашиот приоритет и во фокусот на целото наше општество и државата“, рече Путин кој и, како што ја нарече, „специјалната воена операција“ во Украина на 24-ти февруари ја покрена со истото објаснување.

Валентина Матвиенко, претседателката на горниот дом на рускиот парламент, изјави дека доколку резултатите од референдумите бидат позитивни, уште на 4-ти октомври би можело да биде разгледано присоединувањето на четирите региони на Русија.