Проруските сепаратисти тврдат дека масовно се предаваат украинските војници

Украинските војници се предаваат масовно по целата линија на фронтот во областите на Лисичанск, Северодоњецк, како и дека се заземени уште две места во ткн „котел“ Золото и Горско, пренесуваат во четвртокот руските агенции, повикувајќи се на извори од одметнатата проруска украинска источна област Донбас.

„По целата линија на фронтот во оваа област, како поединечно така и масовно се одвива предавањето (на украинските војници). Тоа важи и за лисичанско-северодоњецката борбена групација и за горско-золотовската групација“, изјавил за првиот канал на руската телевизија офицерот на ткн Народна милиција од Луганск, Андреј Марочко.

Истакнал дека засега не може да прецизира податоци за тоа колку украински војници го положиле оружјето. Претходно во четвртокот, украинскиот гувернер на Луганск, Серхиј Хајдај, за националната телевизија изјави дека украинските единици од оваа Лисичнаск можеби ќе мора да се повлечат од позициите за да го избегнат целосното опколување.

„Имаме кои се предаваат од десничарските радикални сили, имаме и обични војници. Во моментов процесот (на предавање) се одвива како снежна топка. До 16 часот веќе бев информиран са две такви предавање од по десетина лица. Колку ги има во моментов, немам информации“, додал Марочко.

Идентична информација за агенцијата РИА пренел и портпаролот на сепаратистичките сили во Лиганск, Иван Филопоненко.

„Да, има заробеници“, рекол Филипопенко, и тој без да прецизира какви и да се податоци.

Амбасадорот на самопрогласената Народна Република Луганск со Москва, Родион Мирошик претходно соопшти дека градовите Горское и Золотое, од кои осум години биле гранатирани градовите под контрола на сепаратистите, се во целосна блокада. Според него, проруските сили ја продолжиле офанзивата во северен правец, кој јужните области на Лисичанск, каде што се проценува дека има групација од пет до седум илјади украински борци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.