Проруските власти ја обвинија украинската војска за гранатирања во нуклеарката Запорожје

Вооружените сили на Украина извршија артилериски напад врз нуклеарната централа Запорожје и предградието Енергодар со оружјата со долг дострел испорачани од западните земји, објавија во саботата вечерта руските медиуми повикувајќи се на изјави на локални претставници.

„На територијата на нуклеарната централа Запорожје регистрирани артилериски напад. Според добиените податоци, во нападот е користени западно оружје со долг дострел, од спротивниот брег на реката Дњепар. Гранатите експлодираа во непосредна близина на една од административните згради на централата. Критичните објекти во централата не се оштетени“, изјавил за агенцијата РИА претставник на властите во Енергодар кој зборувал под услов да остане анонимен.

Појаснил дека во моментов се собираат и анализираат прецизираните информации за евентуално настрадани меѓу техничкиот персонал на нуклеарката, кој е украински.

„Покрај тоа, веднаш под артилерискиот напад врз нуклеарната централа Запорожје, украинските националистички формации отвориле оган врз предградијата на Енергодар“, додал соговорникот на агенцијата.

Подоцна Владимир Рогов, член на главниот совет на новата проруска администрација на градот Енергодар, истакнал дека се потврдени најмалку четири напади со тешка артилерија врз територијата на нуклеарката според теркот кој ги изведуваат војските на НАТО.

Последните седмици Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа, што ги разгоре стравовите на континентот од можна нуклеарна катастрофа од големи размери. Малку е веројатно дека руската војска би ги гранатирала сопствените позиции, бидејќи ја има контролата врз централата уште од почетокот на март. Во гранатирањето веќе е оштетена високонапонската врска на трафостаницата Каховскаја, по што мораше да се намали капацитетот на две енергетски единици.

Поради гранатирањата расте страв дека е можна нуклеарна катастрофа како онаа во украински Чернобил во 1986 година. Украинската државна енергетска компанија „Енергоатом“ соопшти во петокот дека руските сили наводно планираат да ги исклучат функционалните енергетски блокови во централната и да го исклучат од украинската електрична мрежа, што е опасен процес. Според нив, исклучувањето на сложените генератори од украинската мрежа би оневозможило да бидат користени за ладење на нуклеарното гориво во случај на прекин на струјата во нуклеарката,

Исклучување на нуклеарна централа е комплициран процес во кој треба да се запре нуклеарна верижна реакција и да се спречи нуклеарното гориво да се загрее и предизвика тлеење на јадрото на реакторот.

Руското министерство за одбрана во четвртокот го обвини Киев дека планира „провокација“ крај нуклеарната централа. А во петокот Владимир Рогов, члена на проруската воено-цивилна администрација на регионот објави дека системот за заштита на нуклеарната централа е засилен поради можноста од напад од украинската војска.

„Системот за заштита на нуклеарната централа е зајакнат, но не можам да ги обелоденам сите поединости. Денот го дочекавме целосно вооружени, бидејќи до режимот на (украинскиот претседател Владимир) Зеленски сѐ може да се очекува“, рекол Рогов за агенцијата РИА.

Началникот на руските сили за радијациска, хемиска и биолошка одбрана, генерал-полковникот Игор Кирилив, претходно предупреди дека во Запорожје може да дојде до ситуација слична на катастрофите во Чернобил и Фукушима. Појасни дека доколку дојде до уништување на генераторот и пумпите, доаѓа до прегревање на јадрото а како резултат на тоа ќе дојде до уништување на реакторските постројки со ослободување на радиоактивен материјал во атмосферата и негово ширење на стотици километри.