Просечната цена на руската нафта во мај зголемена за 1,2 пати

Просечната цена на руската извозна нафта од марката Urals во мај годинава изнесувала 78,81 долари за барел, во однос на 66,63 долари колку што чинел барелот во мај минатата 2021 година, со што цената се зголемила 1,2 пати, соопшти во средата руското министерство за финансии.

Просечната цена на овој тип нафта во периодот јануари – мај годинава, пред најавата на шестиот пакет санкциите на Европската унија кој вклучува и ембарго на увозот на руската нафта, е зголемил за повеќе од 35 отсто, на 83,48 долари за барел. Во април, пак, барелот на нафтата Urals чинел 70,52 долари.