Просечната цена на струјата за домаќинствата во втора половина лани 4.859 денари по KWh

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата  во второто полугодие на минатата година изнесуваше 4.859 денари по KWh, што претставува раст од 1,9 отсто во споредба со првото полугодие на 2019 година, објави Државнот завод за статистика.

Според објавените податоци просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движеше од 3.840 до 7.638 денари по KWh, по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на  додадена врeдност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движеше од 18.865 до 29.143 денари по nm3, по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесуваше 38.197 денари по nm3.