Просечната нето плата во октомври 21.247 денари

Просечната бруто и нето платата во октомври зголемена за 1,1 отсто

Просечната бруто и нето плата исплатена во октомври е зголемена за 1,1 отсто во однос на октомври лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Градежништво (7.4 отсто), Tранспорт и складирање (6.5 отсто) и Рударство и вадење на камен
(4.7 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месеци,
е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (7.2 отсто), Рударство и вадење на камен (5.0 отсто) и
Градежништво (3.3 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2013 изнесува 31 228 денари.Во октомври 2013 година, 1.3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 101.0. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (7.1 отсто), Транспорт и складирање (5.8%) и Рударство и вадење на камен (4.9 отсто).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (7.0 отсто), Рударство и вадење на камен (5.7 отсто) и
Градежништво (2.6 отсто).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2013, изнесува 21.247 денари.Во октомври 2013 година, 1.3 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.