Словенечкиот завод за статистика соопшти дека просечната месечна нето плата за ноември минатата година во Словенија изнесува 1.044 евра, што е два пати повеќе од просечната месечна плата во Босна и Херцеговина.
Имено, просечната нето плата во овој период била за еден отсто повисока во споредба со истиот период во 2012-тата година.
Исто така, просечната бруто плата во ноември минатата година изнесувала 1.617 евра, што е за шест отсто повеќе во споредба со претходниот месец.
Според последните податоци, повеќе од две третини од вработените во Словенија примаат плата помала од просекот.