Просечната старост на возилата на американските патишта е речиси 12 години

Американците сѐ подолго ги возат своите автомобили и камионети, што резултирало со просечна старост на возилата на американските патишта од речиси 12 години, најависока во последните речиси две децении, дури и пред пандемијата да ја погоди економијата, покажуваат најновите податоци од лондонската истражувачка компанија Markit.

Тоа не е добра вест за еколозите поради емисиите на штетните гасови, ниту за сигурноста на возилата, ниту за автомобилската индустрија, но може да го поткрепи работењето на компаниите кои произведуваат и продаваат автомобилски делови, се наведува во извештајот.

Компанијара IHS Markit, којашто собира и анализара податоци од низа индустрии, објави во вторникот дека просечната старот на автомобилите, СУВ-возилата и камионетите кои се движат на американските патишта годинава достигнача 11,9 години, наспроти 11,8 години од претходната година.

Иако податоците за периодот по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот која ја погоди светската економија не се конечни, острото забавување на продажбата на автомобилите веројатно ќе резултира со просечна старост на возилата на американските патишта поголема од 12 години, смета Тод Кампау, директор во споменатата лондонска истражувачка компанија.

„Ние дефинитивно очекуваме дека ќе биде надмината границата од 12 години. Луѓето кои работат од дома ќе може да ја намалат колометражата на возилата, што ќе им овозможи подолго да траат“, додава.

Просечната старост на автомобилите и камионетите континуирано растела во последните речиси 20 години, одразувајќи ги сѐ повисоките цени на новите автомобили и камионети и подолго траење коешто им овозможува на постарите возила да минат поголема километража и со повече сопственици пред да завршат на отпад, вели Кампау.

Произведувачите на деловите и автомеханичарските работилнции би требало да имаат полза од сѐ постари и поголемата флотила возила, проценуваат во Markit. На патиштата ширум САД во моментов има повеќе од 280 милиони возила, напоменуваат.