Просечната плата во Македонија изнесува 22.071 денари

Просечната месечна нето плата во Македонија во месец мај изнесува 22.071.

Повисока просечна плата во Македонија од 2,7 отсто

Зголемувањето е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна плата во Македонија во секторите: Уметност, забава и рекреација за15,8 отсто, други услужни дејности за 7,5 отсто и Дејности на здравствена и социјална заштита за 5 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето- плата во Македонија по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 6,1 отсто, Уметност, забава и рекреација за 5,4 отсто и Информации и комуникации за 5,0 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2015 изнесува 32 393 денари.
Во мај 2015 година, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не добиле плата, пренесува МИА.

Просечна плата во март 21.402 денари

Просечната месечна нето – плата во Македонија по вработен во март годинава изнесува 21.402 денари и во однос на март лани е повисока за 1,9 проценти, објави тогаш Државниот завод за статистика.

 

Просечната плата во Македонија изминативе месеци бележи тренд на зголемување.