Проширена е истрагата за починатите мајка и син во Велес

По наодот дека починатата велешанка е позитивна на коронавирус, која со својот син беше пронајдена мртва пред два дена истрагата во која се вклучуваат повеќе институции се проширува. Во истрагата на овој случај се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот на епидемилозите од Институтот за јавно здравје, а за случајот ќе биде информирана и Светската здрљавствена организација, соопшти Министерството за здравство.

Денеска во Институтот за јавно здравје се прави уште една анализа на материјалот кој е земен од трахеата за да се потврди позитивниот резултат на коронавирус.

Резултатите од обдукцијата, кои ќе бидат готови во текот на следната недела, треба да откријат во кој период таа починала. Информациите кои вчера ги пренесоа дел од медиумите дека биле починати повеќе од еден месец не се точни и се чекаат конечните анализи. Засега се знае само дека жената била сигурно почината повеќе од една недела.

Во истрагата на овој случај се вклучуваат експерти од судска медицина, МАНУ и тимот на епидемилозите од Институтот за јавно здравје. За случајот ќе биде известена и Светската здравствена организација која доколку има потреба ќе се вклучи со поддршка.