6.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Проштална средба на градоначалникот Стефковски со Амбасадорот на Унгарија

Денеска градоначалникот на општина Гази Баба имаше проштална средба со амбасадорот на Унгарија.

„Средба со Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија Н.Е. Ласло Иштван Дукс

Утрово во просториите на општина Гази Баба имав средба со Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија Н.Е. Ласло Иштван Дукс.

Оваа средба се организираше по повод заминувањето на Амбасадорот од Република Македонија.

На средбата истакнав благодарност до Амбасадорот Н.Е. Ласло Иштван Дукс за успешната соработка која ја имаше општина Гази Баба со Амбасадата на Унгарија во изминатиот период“, стои во неговиот пост на Фејсбук.