Просинечки за селекторското место во Македонија: Првпат слушам за такво нешто

49

Српскиот портал Курир вчера ја пласираше информацијата дека Роберт Просинечки ќе биде новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација и дека тој ќе ја води екипата на Европското првенство.

ФФМ веднаш ги негираше тие гласини, а сега тоа го направи и хрватскиот стратег кој вели дека првпат слуша за такво нешто.

– Првпат слушам за такво нешто. Воопшто не сум разговарал со никој од Фудбалската федерација на Македонија. Дома сум во Загреб откако се вратив од Турција, други вести нема – вели Просинечки за „Спортске новости“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.