Прослави на Новата година со трагичен крај -во Холандија загина дете, во Германија млад човек

И покрај забраната на пиротехнички средства во Холандија, во синоќешната прослава на Новата година загина 12-годишно дете, а упте едно е тешко повредено. Според полициски извори несреќата се случилаво момент кога децата гледале како возрасен со домашна направа испалува петарда за огномет. Уапсено е едно лице.

Втора година по ред во Холандија е забранет традиционалниот огномет за дочекот на Новата година, а образложението на властите е да нема дополнително опотоварување во болниците поради можни повреди од употреба на пиротехнички средства.

Истовремено и во германската престолнина Берлин на приватна забава при огномет биле повредени 12 лица од испукување петарди и огномет. Сите лица се хоспитализирани, но за среќа нема потешко повредени.

Уште потрагичен пречек на Нова година има во градот Хенеф во Северна Рајна Вестфалија, каде при експлозија на петарди загинал млад 37-годишен маж, додека уште едно тешко повредено лице кое е во животна опасност е итно пренесено во болница.