Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Незадоволни од доцнењето на платите во здравството поради хакираниот систем на ФЗОМ, на протест ќе излезат дел од вработените во Градската општа болница (ГОБ) „8-ми Септември“.

Протестот ќе се одржи во дворот на болницата, за време на паузата од 13 до 13.30 часот.

Претходно, протест за во среда најавија здравствените работници од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ независно од тоа дали во понеделник ќе ја примат задоцнетата плата.

Веќе две седмици поминаат од хакирањето на базата на ФЗОМ, поради што не функционираат повеќе сегменти од системот, меѓу кои е и исплатата на платите на медицинскиот персонал, но и породилното и другите боледувања. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека се работи за хакерски ренсомвер напад кој по дефиниција е врзан за давање откуп од страна на оштетената страна за враќање назад на енкриптираните податоци од хакерите.