Протест на актерите во Албанија поради уривање на националниот театар

Албанските актери и активисти протестираа во четвртокот барајќи од владата запирање на проектот на уривање на Националниот театар во Тирана, но владејачките социјалисти сепак успеаја во парламентот да дадат зелено светло на спорниот план.

Демонстрантите се собраа пред зградата на парламентот, додека во неа законодавците расправаа за законот со кој на компанија за приватната сопственост ѝ се дозволи градење нов театар на местото од 78 години старата зграда, како и уште неколку облакодери во негова близина.

Носеа транспаренти со натписи „Јас сум театар“, со изведување на делото „Хамлет“ од Вилијам Шекспир, како предупредување за социјалистичкиот премиер Еди Рама дека ќе го „уништи сопствената острица“ доколку продолжи уривањето.

„Парламентот би требало двапати да размисли пред да загризе во нашот театар, нашата култура и историјата“, изјави актерот Бујар Асќери.

„Тој предлог закон дава јавна сопственост во раце на приватна компанија и би требало да биде отповикан. Претседателот не би смеел да го дозволи грабежот на јавната сопственост“, предупреди актерот Неритан Лицај.

Старата театарска зграда изградена во италијански стил, министерката Мирела Кумбаро ја нарече опасна по здравјето и безбедноста, а министерот за финансии Арбен Ахметај тврди дека новата зграда со неколку сцени државата нема да ја чини ништо, а ќе добие осум пати повеќе простор.