15.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Протест на граѓаните во Маџари: Се бара итно расчистување на дивата депонија Вардариште

Попладнево жителите на Маџари протестираа против „претоварната станица во Вардариште од која што секојдневно се гушат во смрдеа.

Протестираме против секојдневното неконтролирано палење на секакви отпади заради продавање метал во дивите отпади!!! Бараме итно постапување во насока на расчистување на дивата депонија Вардариште и преземање на мерки за надминување на проблемите со отпадите од секој вид, велат граѓаните и додаваат:

„ПРАВОТО НА ЧИСТ ВОЗДУХ И ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА Е ОСНОВНО ЧОВЕКОВО ПРАВО И МОРА ДА СЕ БОРИМЕ ДО КРАЈ!!!“