Протест на родителите на деца со посебни потреби

Родителите на деца со попреченост денеска протестираа пред Собранието, затоа што пратениците пред неколку дена не ги изгласаа измените на Законот за заштита на децата. Тие бараат покачување на посебниот додаток, но и тој за туѓа нега, кој  сега изнесува 5.000 денари, а со законот требаше да се зголеми на 100 отсто.

Пратениците од власта гласаа против Предлогот на закон, поднесен од Левица, за зголемување на посебниот додаток од 5.021 денари на 10.042 денари, на посебниот додаток за самохран родител кој има дете со попреченост до 26 години, од 7.531 на 15.063 денари, и на пoсебниот додаток за материјално необезбедени родители, кои се корисници на гарантирана минимална помош за деца кои имаат попреченост до 26 години, од 6.276 денари да се зголеми на 12.552 денари.

Родителите и децата денеска порачаа дека во нивниот свет сите се еднакви.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.