Протест на вработените во скопски Клинички центар поради зголемената цена на паркингот

По најавата од Град Скопје да го поскапи паркирањето за вработените на скопските клиники, на иницијатива на вработените и со поддршка на синдикатот, во вторникот во периодот на нивната пауза на протест протув ваквиот чекор на градските власти излегоа „белите мантили“.

Вработените се против одлуката за месечната паркинг карта да плаќаат 800 денари, за кои велат дека влија на нивниот буџет. Најавија дека имаат решенија кои се во нивен и интерес на пациентите. Нареден чекор е велат блокирање на наплатните места за користење паркинг.

Градоначалникот Петре Шилегов  со оваа мерка очекува да се регулира сообраќајниот хаос во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Според неговото објаснување, во оваа водечка во земјата здравствена институција се издадени 1.500 месечни билети за кои вработените плаќаат повластени 300 денари, во услови кога на паркингот имало 670 места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.