Протест: Охриѓани бараат Заев да го реши проблемот со Али пашината џамија

Политичарите да излезат и веднаш да кажат како ќе го решат проблемот со Али пашината џамија и незаконската изградба на 32 метарското минаре побараа охриѓани и членовите на здружението „Совест” на протестот кој доцна попладнево се одржа пред општинската зграда во Охрид. Уште еднаш побараа премиерот да си го одржи ветувањето кое го даде пред изборите, пренесува 24вести.

„Совест” и денеска обвинија дека индиферентноста на институциите е поради политички притисок, а дека градбата на минарето одамна е производ на политичко пазарање.

Ќе продолжат да ја алармираат јавноста се додека не се стави крај на самоволието врз објектот и додека нема реакција од надлежните институции за нелегалните активности. И на овој протест потенцираа дека не се против реставрација и конзервација на верскиот објект туку против висината на минарето од 32 метри со кое целосно ќе се наруши визурата на градот и старото градско јадро но со кое се прекршуваат и низа закони.Повторно побараа објектот да се прогласи за споменик на мултикултурализмот.