Протест пред „Мајчин дом“: Криминалци, марш од Аеродром! (ВИДЕО)

Голем број на граѓани, жители на општината Аеродром, денес се собраа на протест да го искажат својот револт поради неисполнетите ветувања на градоначалникот Златко Марин од СДСМ.

И покрај ветувањата на надлежните, и покрај она што Марин го говореше во предизборната кампања, во Аеродром ќе се гради огромна зграда на постојното зеленило.

Според одобрението за градба, издадено од општината, на парцелата пред Мајчин дом ќе се гради станбено-деловен објект со вкупна површина од 3.500 метри квадратни.

 

    

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.