Протест пред руската амбасада Здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“

Здружението на Украинци во Северна Македонија „Лесја Украинка“ денеска во Скопје одржа протест против руската воена агресија врз Украина.

Протестот започна околу детското игралиште зад Универзалната сала и заврши пред Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија.

Како што посочија од Здружението, протестот се организира за „да потсетат на злосторствата извршени врз Украина и на одземените невини животи, вклучително и на децата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.