Протест против кампот за бегалци во Бардовци – Бардовчани никој од власта на СДСМ не ги есапи

Жителите на Бардовци протестираа против изградбата на камп за бегалци во нивното место, но никој не ги есапи од власта на СДСМ. Нивниот протест трае веќе еден месец.

И денеска протестираа кај Хубо маркет, односно улицата Скупи, поради тоа што во близина на нивните куќи се гради огромен објект од 70.000 квадратни метри – Центар за странци.

Граѓаните се иритирани поради тоа, како што велат тие, никој не ги консултирал, а од друга страна се манипулира со вистината.

Тие најавуваат дека ќе продолжат со протестите се додека не биде исполнето нивното единствено барање – „да се престане со градбата на Прифатниот центар за странци”.

Тие посочуваат дека испратиле покани до Министерот за внатрешни работи и градоначалникот на Општина Карпош за средба во месната црква. До сега никој не им одговорил дека сака да се сретне со нив.

Од друга страна, бардовчани испратиле писма до дипломатските претставници, Собранието, претседателот на Владата и локалната самоуправа.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.