Протест против високите цени на горивата во БиХ и Црна Гора

Протестот против високите цени на горивата во Србија што се одржа викендов се „прели“ во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

За време на протестите во БиХ беше блокиран патот М 17, а во исто време беа блокирани улици во Сараево, Тузла, Бања Лука и други градови. Протестите се одржаа и во неколку градови во Црна Гора, но немаше застој во сообраќајот.

Поради третото зголемување на цените на горивата оваа година во БиХ, возачите ги запреа автомобилите еден час.Тие рекоа дека прифатлива цена за нив е 1,50 до 1.70 КМ за литар.

Викендов, возачите низ Србија на ист начин го изразија револтот од поскапувањето.

На најавата на протестите реагираше претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој рече дека ќе побара од полицијата да ги отстранува автомобилите од улиците.

– Не може да го запрете автомобилот било каде на патот и така да ги загрозите другите или да го запрете сообраќајот, а на некој, да речеме му треба брза помош во тој момент – рече Додик, додавајќи дека секој протест мора да бидете пријавен.

– Ние во Црна Гора имаме најголема причина за протести, бидејќи во нашата земја просечната плата е далеку пониски од сите земји во регионот – се наведува на Фејсбук на профилот на групата која го организира протестот.

Безоловен бензин во Црна Гора чини 1,44 и 1,41 евра за литар. Најмногу рипна цената на Еуродизелот за седум центи и цената на еден литар е 1.30 евра. Нафтата во големопродажба чини 1.26 евра за литар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.