Протест во Црна Гора за спречување востоличување на митрополитот на СПЦ на Цетиње

Мноштво Црногориц со национални знамиња порачаа во неделата од протестниот сибир во Цетиње дека нема да му дозволат на поглаварот на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора, митрополитот Јоаникие да биде востоличен на 5-ти септември во цетинскиот манастир.

Одлуката на синодот на СПЦ за востоличување на митрополитот Јоаникие на Цетиње, демонстрантите го гледаат како обид наводно да се понижи националниотм, државен и духовен центар на Црна Гора. Тие порачуваа обредот да биде одржан на секое други мето освен во Цетинскиот манастир.

„Не му браниме на српскиот патријарх да го востоличи својот намесник таму каде ги зградила или добла црквата на Србија во Црна Гора, но не го дозволуваме овој окупаторски чин во столицата на свети Петар во Цетинскиот манастир како повеќегодишен и вечен симбол на црногорската духовна, државна и национална самобитност и слобода“, се наведува во декларацијата од протестот кој ја прочите Предраг Вушуровиќ, поранешен претседател на младината на либералниот сојуз на Црна Гора на Славко Перовиќ.

Во декларацијата се наведува дека немаат друга татковина освен Црна Гора и дека нема да дозволат нејзина „клерикализација, фашизација, асимилација и никогаш претопување во српскиот свет“.

Обвидот за востоличување на митрополитот на СПЦ во Цетиње го гледат како „симнол на доказот за согласност на окупација“.

„Окупацијата на оние кои Црногорците не ги признаваат ниту како православни, ниту како муслимани, ниту како католци, што нѐ не признаваат како нација, што не ни го признаваат јазикот ниту државата, ниту црквата ниту културата“, рекол Вушуровиќ, истакнуваќи дек најголемата вредност на совребна Црна Гора е нејзината мултиетничка хармонија.

„Ова е единствената балканска земја чиишто мацински народи му даваат поддшка на државниот суверенитет, и ние на марионетската валста оваа цивилизациска придбивка нема да ѝ дозволиме да ја понижи. Црна Гора совекови дел од европската цивилизација и ние со сите расположливи средства же се бориме за европските вредности на секуларизмот, граѓанското општество и мултикултуралниот склад, бидејќи тоа е условта за нашиот опстанок“, порачаа од собирот на Цетиње.

Црногорските медиуми проценуваат дека на Цетиње се собрале околу 10.000 лица, но има и извештаи според кои таа бројка е предимензионирана. Но заедничко е што се истакнува дека немало продржување до епидемиолошките мерки, учесниците на протестот не носеле маски и не одржувале дистанца.

Собирот го обезбедувале бројни полициски сили, а околу Цетинскиот манастир каде што треба да се одржи востоличувањето е поставена заштитна ограда. Протестниот собир минал без инциденти, а по официјалниот дела поворка од учесниците мина низ улиците на Цетиње.

Пред денешниот собир амбасадата на САД во Подгорица им препорача на своите државјани да ја избегнуваат областа на демонстрациите или невообичаени гужви, да ги прилагодат личните безбедносни планови и да ги следат локалните медиуми.

Поради зголемените тензии во Црна Гора, изминатава седмица амбасадите на САД и на ЕУ повикаа на дијалог и преупредија дека изјавите кои креираат етнички и верски тензии е во спротивнот со европск вредности, и наведоа дека ги поттикнуваат црногорските власти и сПЦ тесно да соработуваат по прашањето на востоличувањето на новоизбраниот митрополит Јоаникие, при што безбедноста на граѓаните треба да биде приеоритет.

Во црногорската валда која е избрана на почетокот од декември 2020 година, повеќето министри се блиски на Српскаа православна црква (СПЦ), на чиј предлог Здравко Кривокапиќ беше избран за премиер.