Македонија

Протест во Јеловјане поради грозоморното убиството на нивниот сожител

Протест во Јеловјане поради грозоморното убиството на нивниот сожител

Мештаните на тетовско Јеловјане со јавен протест реагираа на убиството во Прилеп, на жител од нивното село кој денес беше погребан на селските гробишта.

Изразија револт и истакнаа дека полицијата треба да го заштитува народот, а не да извршува физички напади и грозоморни убиста како во Беловодица. Сметаат дека убиството било однарпред испланирано од убиецот, пишува Нова Македонија.

– Револтирани сме поради грозоморно убиство на нашиот роднина, му се случи најлошо да биде убиен, опљачкан и запален. МВР да се запраша кого прима на работа, треба здрави луѓе да прима, пиштол им дава. Овој настан е трагичен за нас од Јеловјане. Во 2001 имавме 20, 30 дуќани запалени. Дете убиено младо, не му се знае убиецот. Има група која за цел има да ликвидира Македонци муслимани како нас. Нас никој не ни смета, ние зошто сметаме? Затоа што сме лојални на оваа држава? Затоа што не прифаќаме ни Бугарија, ни Албанија? Власта бараме да преземе мерки, да не заштити- изјави Зекирија Фејзула, вујко на убиениот.

Полицијата до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 24-годишен жител на  Битола, вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во битолската полициска станица, поради постоење  на основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. На обвинетиот му е одреден притвор од 30 дена.

Како што информира Министерството за внатрешни работи битолчанецот го контактирал 36-годишниот жител на  село Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, сопственост на трето лице. Двајцата контактирале преку пораки од социјалната мрежа „Фејсбук“ при што се договориле истиот ден околу 14.30 часот да се сретнат. Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде сега обвинетиот го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми кон жителот на Јеловјане, а му ја одзел и чантичката во која имало 4.000 евра, пари кои му биле предвидени да му ги плати на сопственикот на возилото.

ФОТО: Нова Македонија