Протест во Сараево против власта за лошо управување со пандемијата

Најмалку илјада граѓани на Сараево се собраа во вторникот на протестен собир барајќи оставки од Советот на министрите ви владата на Федерацијата на Босна И Херцеговина, коишто ги обвинуваат поради тешките епидемиолошката ситауцијата во земјата, додека продолжува истрагата за ситуацијата во сараевскиот Клинички центар поврзано со третманот на најтешките пациенти сo Covid-19.

Повикот на протестното собирање ги испратија граѓанските активности преку социјалните мрежи. Потсетувајќи дека БиХ е најлошата земја во регионот во набавката на вакцинтие, како и дека лошо го организирала здравствениот систем одвај го носи товарот од пандемиската криза, организаторите на собирот порачаа дека за тоа е најодговорна извршната власт на државно и на ниво на Федерацијата БиХ. Поради тоа, бараат нивна моментална оставка, како и преземање итни чекори за набавка на вакцини против Covid-19.

Таквите барања ги истакнуваа демонстрантите минувајќи низ центарот на Сараево следени од голем број автомобили со истакнати државни знамиња. Демонстрантите со еден транспарент велат дека БиХ „нема влада, туку само лица кои се платен список“.

Истовремено со протестите обвинетелството на Сараевската жупанија потврдило дека ја продолжува истрагата чија цел е да се утврди дали умира ли голем број заразени со коронавирусоти поради тоа што најтешките пациенти се третираат на респиратори со сомнителен квалитет.

Истрагата е отворена во понеделникот, а жупаниското обвинителство наведе дека неговите обвинители заедно со припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (SIPA) спроведувале проверки на Клиничкиот центар при Универзитетот во Сараево (KCUS) до доцните вечерни часови. Во тек се проверки за тоа дали станува збор за некои од кривичните дела против здравјето на луѓето, се наведува во сооштението на обвинителството.

Истрагата е отворена во координациај со Обвинителството на БиХ отако медиумите објавија писмо кои го отпишале 17 анестезиолози од KCUS и кои предупредуваат дека респираторите, купени минатата година во Кина за третирање на најтешките пациенти со дијагностициран Covid-19, со проблематичен квалитет поради варијациите во пропишаните параметри за работење и дека нивната употреба ги загрозува животите на пациентите.

Поради набавката стотина кинески респиратори со ознаката ACM812A во моментов пред Судот на БиХ му се суди на претседателот на владата на Федерацијата БиХ, Фадил Хоџиќ, на сопственикот на компанијата „Сребрена малина“ која ја посредувала во набавката.

Основа за обвинението по која им е суди на процената дека кинеските респораторите платени значително собирање од стварната пазарна цена, но и дека се практично неопотребливи за третан на болничките оддели за интензивна негега, бидејќи е наменети првенствено за пациенти во текот на транспортот.

Директорката на KCUs Себија Изербеговиќ ја потврди автентичноста на писмото на анестерзиолозите, но тврдеше дека станува збор за интерна преписка на која управата реагирала и дека навдно се преземени мерки за да се раши проблемот на кој укажале лекарите. Истовремено застана во одбрана на кинеските респиратори констатирајќи дека нивното користење е неопходно поради големиот прилив на тешко заболени од коронавирусот, но потврди и дека нивниот квалите не е највисок.

„Тоа вие како кај автомобилите. Имате ‘трабант’, имате ‘југо’, па ‘шкода фабија, „шкода октавија“, па ‘ауди 4’ и ‘ауди 6’“, изјави Изетбеговил за новинарите, па медиумите веднаш коснтатираа дека кинесктие респиратпори се во рангот на автомобилот кој совевремено го произведуваше некогашна Источна Германија и кој стана легендарен по сиромашната опрема и најнискиот квалитет.

Дополнително протекоа информации дека на сараевскиот универзистетски клинички центар на 2-ри април била донесена одлука кинеските респиратори наменети за заболените со дијагноза Covid-19 да бидат заменети во орк од седум дена, но до отворањњето на истрагата тоа не се случило. Истовремено Клиничкиот центар во Мостар објави дека спорните респиратори од Кина воопшто нема да ги користи.