Протест за дислокакција на Центарот за зависности во Кисела Вода

Попладнево во Кисела Водае ќе се одржи протест, за дислокација на Центарот за зависности.

Неформална група граѓани од општина Кисела Вода ќе протестира под мотото „Внимавај да не нагазиш на игла”.

Граѓаните од градоначалникот Темелковски и здравствените власти бараат да се дислоцира центарот за зависности од оваа скопска населба кој се наоѓа веднаш до основното училиште Круме Кепески.

Тие обвинуваат дека дека дел од корисниците на Центарот кои расфрлаат шприцеви и игли кои ги искористиле предходно се опасност за најмладите.

Претходно спонтано организираната група граѓани преговараше со општинските власти и министерот за здравство Филипче, но не беше пронајдено решение по што попладнево во 17 часот пред чешмата и споменикот на Тодор Александров во Кисела Вода ќе започнат граѓански протести за дислокација на центарот за зависности, објави порталот Експрес.