Македонија

Протест за името на плоштадот „Македонија“ во Скопје

Протест за името на плоштадот „Македонија“ во Скопје

Во 13 часот на плоштадот „Македонија“, во Скопје, денеска ќе се одржи протест во организација на движењето „Нашето име е наше право“. На собирот ќе биде изразено незадоволство од, како што пишува, политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Во исто време ќе протестираат и Македонци од дијаспората во 14 градови во светот: Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – Сад, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Оукленд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка

Организаторите најавуваат вклучување преку видео-бимови со протестите на дијаспората од локации ширум светот, а организираат бесплатен превоз до Скопје од другите градови.