Протест за разрешувањето на Зибери, а СДСМ порача ДУИ да се реформира

Движењето „Јас верувам“ денеска организираше протест пред седиштето на СДСМ, во знак на револт поради разрешување на Арбен Зибери од директорската позиција во Центарот за јавно здравје Скопје кој беше разрешен откако јавно се пофали дека издејствувал во Комисијата за заразни болести да се отворат границите и да се вратат иселениците за да гласаат.

СДСМ пак испрати порака до ДУИ, наместо да организираат протести да се реформираат, внатре во партијата.- Четири години во опозиција се доволно време за реформа на една партија. ДУИ треба да сфати дека довербата кај граѓаните се гради низ годините, а не со евтина национал-популистичка пропаганда во последните 15 дена пред изборите, се вели во реакцијата на СДСМ.