Протести и судири во Полска по дополнителните ограничувања на правото на абортус

36

Полицијата во Полска приведе 15 лица по протестите што уследија откако Уставниот суд го отвори патот кон скоро целосна забрана за абортус.
Уставниот суд, во доминантно католичката Полска, на 22 октомври пресуди дека прекинувањето на бременоста поради дефект на фетусот е неуставно.

Дефектите на фетусот се најчестите правни основи наведени во постапката за абортус во Полска. Полска и без тоа веќе има едни од најстрогите закони за абортус во Европа.
По одлуката на Судот се собраа стотици демонстранти во главниот град Варшава пред канцелариите на владејачката партија Закон и правда и пред домот на нејзиниот лидер, вицепремиерот Јарослав Качински.

Полицијата го чуваше домот на Качински, откако демонстрациите добија на интензитет. Демонстрантите бараа оставка на владата.
По судирот меѓу полицијата и демонстрантите, полицијата употреби хемиски спреј да ја растера толпата. Уставниот суд постапуваше како одговор на предлогот на десничарските пратеници во кој се тврди дека прекинувањето на бременоста порати дефект на фетусот ја крши полската уставна клаузула за заштита на животот на секој поединец.

Во Полска минатата година имало 1100 легални абортусти, соопшти полското Министерство за здравство, а повеќето навеле дека фетусот има дефект. Се верува дека жени од Полска патуваат во странство за да им биде прекината бременоста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.