Протести и во Тирана

Повеќе од 5.000 приврзаници на опозициијата протестираа во Тирана. Тие ја критикуваат владата поради неуспех во намалување на сиромаштијата и невработеноста.

Лидерот на опозициската Демократска партија, Лулзим Баша најави кампања против владата која ја критикуваше и затоа што неуспеала да добие статус кандидат за членство во Европската Унија.

Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама убедливо побееди на изборите минатиот јуни залагајќи се за брза евроинтеграција и создавање на нови работни места.

Невработеноста во Албанија според официјалната статистика во третото тромесечие на 2013 година е 12,8 отсто, иско Рама вели дека е повисока.

ЕУ до пролет ја одложи одлуката и доделување на статус кандидат за Албанија барајќи опипливи резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и консолидација на владење на правото.