Протести на средношколците и студентите во Франција

Илјадиници средношколци и студенти излегоа денеска на улици во француски градови во знак на протест поради предложени реформи во областа на трудот.

Судири со полицијата беа регистрирани во Париз, Рен и Марсеј.

Полицијата употреби солзавец врз демонстрантите во Париз, а три лица се уапсени откако демонстрациите излегоа од контрола.

Двајца полицајци се полесно повредени.

Демонстрантите блокираа 115 средни училишта ширум државата, а затворени беа и неколку универзитети меѓу кои во Париз, Лион и Бордо.

Француската социјалистичка влада се обиде да го ублажи гневот поради реформите во областа на трудот со скромно зголемување на платата во јавниот сектор, додека студентите веќе втор ден во изминатите две недели протестираат поради измените во досегашниот закон за труд.

Владата вети укинување на 6-годишната мерка за замрзнување на платите на јавните службеници што ќе чини 2,4 милијарди евра.