Протести против епидемиолошките мерки и воведувањето „тоталитаризам“ од Европа до Австралија

73

Стотици илјади луѓе протестираа во саботата и неделата од Австралија до Европа против епидемиолошките мерки со кои властите велат дека одговараат на ширењето на многу заразата делта варијанта на коронавирусот што демонстрантите го гледаат како јакнење на контролата на државата над граѓаните, а некои дури и како вовед во тоталитаризам.

Со повиците „Слобода, слобода“, повеќе од 160.000 луѓе од кои 11.000 во француската престолнина Париз, протестираа против воведувањето на „епидемиолошките пропусници“ и задолжителното вакцинирање за одредени професии, на пример за медицинскиот персонал.

„Нема да се вакцинирам“, порача 49-годишната Сандра во Марсеј, францускиот пристанишен град на југоистокот, каде што според процените на полицијата протестирале повеќе од 4.000 луѓе. „Нашата земја станува тоталитарна“, смета 71-годишниот Жан-Клод Диб, пензиониран возач на камион.

Јавната телевизија France 2 објави дека во текот на протестите биле нападнати двајца нејзини репортери.

Во Париз на Плоштадот Бастија во поворка мина колона на протестното движење „Жолти елеци“, коешто настана како симбол на отпор против социјалните политики на претседателот Емануел Макрон.

Посебна протестна поворка ја водеше политичарот од крајната десница Флоријан Филипо, поранешниот втор човек на десничарската партија Национален собир на Марин Лепен. Беше изведена „Марсељезата“, а Филипо го осуди „апартхејдот“ кој го спроведува француската влада и повика на уривање на „тиранинот“ Макрон.

Големо мнозинство Французи, омолу 76 отсто го одобруваат задолжителното вакцинирање за медицинскиот персонал и уште некои професии, според анкетата објавена на 13-ти јули.

 

Асоцијации на нацизмот

Повеќето го одобруваат и воведувањето на „епидемиолошките пропусници“, против кои илјадници луѓе протестираа и во Италија. Ковид-пропусниците за влегување во затоврените јавни простори во Италија ќе бидат воведени од 6-ти август.

„Не сакаме диктатура“, извикаа демонстрантите од Неапол на југот до Торино на северот. „Подобро да се живее слободен отколку да се биде роб“, стоеше на транспарентот истакнат на катедралата во Милано.

Во италијанската прстолнина Рим, во историскиоо центар на градот, беше истакнат транспарентот „Вакцината ве ослободува“ со јасна алузија на натписот „Работата ослободува“(Arbeit macht frei) кој стоел над влезот во нацистичкиот концентрациски логор Аушвиц. Асоцијации на нацизмот имаше и во Џенова, каде што демонстрантите истакнаа „жолти ѕвезди“ со пораката „Невакциниран“, што е потсетување на жолтите траки и жолтата давидова ѕвезда кои Евреите морале да ги носат во Европа во Втората светска војна покорена од нацистичка Германија и фашистичка Италија пред да бидат носени во концентрациските логори каде системски биле егзекутирани.

 

Судири со полицијата во Австралија

Во саботата во австралиски Сиднеј демонстрантите се судрија со полицијата на коњи, воопшто кршејќи ги прописите за забрана на собирања, бидејќи во петмилионската метропола на сила е мерката затворање во траење од еден месец.

Во Мелбурн илјадници луѓе, според процените на локалните медиуми, на улиците протестирале и пред парлаемнтот на австралиската сојузна држава Викторија. Носеле транспаренти со пораките „Разбуди се Австралија!“.

 

Се воведуваат мерки, во Либан катастрофално

Насекаде на планетата властите воведуваат сѐ построги мерки за да го сузбијат ширењето на многу позаразната делта варијанта, односно ткн индиски сој на коронавирусот SARS-CoV-2. Пандемијата од самиот крај на 2019 година до денес усмрти повеќе од 4,1 милиони луѓе ширум светот.

Виетнам прогаси „затворење“ за осум милиони жители на главниот град Ханој, настојувајќи да ја забави кривата на растот на бројот на заразените на дневно ниво. Од претходно третина од Виетнамците се во „локдаун“. Властите во петокот објавија за 7.000 нови случаи на заразата, што е третата дневна рекордна броја во текот на изминатата седмица.

Германија, најголемата европска економија која и самата е изложена на забрзан раст на заразените на дневна основа, одлучи да го заостри рестриктивните мерки при доаѓањето од Шпанија, вклучително и од Балеарските и Канарските острови, каде што летуваат илјадници германски семејства а каде што се регистрирани зголемени бројки на коронаинфекциите.

Шпанија, пак, воведува карантин за патниците кои доаѓаат од Аргентина, Колумбија, Биоливија и Намибија и ќе трае до 27-ми јули. Оваа мерка Мадрид ја објави во саботата поради растот на бројот на новозаразените во областа на Латинска Америка и Карибите каде што во саботата беше надминат прагот од 40 милиони заразени и над 1,3 милион починати од коронавирусот.

Состојбата е повеќе од загрижувачка во Либан, блискоисточната земја чијашто економија е целосно урната и изложена е на чести и долги прекини во снабдувањето со електрична енергија, што претставува особена опасност за здравствениот систем.

„Сите болници (…) сега се помалку подготвени отколку на почетокот од годината кога настапи бранот на епидемијата“, изјави за агенцијата AFP Фираз Анијад, директор на Универзитетската болница „Рафик Харири“, најголемата јавна болница во Либан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.