17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Протести против загадениот воздух: Наместо живот, власта донесе гасна комора за граѓаните! (ФОТО)

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше во неколку градови низ земјата поради загадениот воздух.

Дел од градовите каде граѓаните излегоа на протест беа Битола и Куманово.

Граѓаните во Битола велат дека вечерашниот протест е со цел да ги потсетиме граѓаните на сите „ДОСТИГНУВАЊА“ т.е. лаги и измами со кои власта ја замајува јавноста на темата здрава животна средина во изминатите четири години владеење.

-Проект Прочистителна станица – обезбедени 28 мил. евра од претходната власт на ВМРО ДПМНЕ со рок на реализација до 01.01.2020 год. денес благодарение на Петровска добивме поништени постапки за ЈН и истечени дозволи за градба.

Проект Топлификација – обезбедени 46мил. евра од претходната власт на ВМРО ДПМНЕ и според првичниот план истиот со пробна работа требаше да стартува оваа
грејна сезона. Благодарение на оваа власт предводена од СДСМ во изминатите четири години се уште не е склучен договор со изведувач.

Проект Модернизација на електростатски филтри во РЕК Битола – само еден куп лаги и измами во текот на изминатите предизборни кампањи од кои би издвоил една на Радмила Шеќеринска кажана на 13.07.2019 год. – „Здравјето нема цена и затоа рековме дека таму каде што државата е сопственик нема оправдување. Оваа година, РЕК покажа дека зборот важи…“. Денес при крајот на 2020 год скоро четири години после превземањето на власта, СДСМ и понатаму лаже.

Проект Гасификација – 70.000 евра потрошени за ефтин политички маркетинг од џебот на граѓаните.

Сите овие претходни лаги СДСМ мислеше дека успешно ќе ги прикрие со Проектот 2500 климаинвертери за Битола кој го најавија уште во 08.2019 година, а повеќе од сигурно дека и оваа четврта по ред грејна сезона откако СДСМ е на власт ќе помине без ниту една реализирана мерка на темата здрава животна средина. Јани Макрадули – битолчанецот по потреба на 11.09.2019 година најави дека клима–инвертери најпрво ќе има за социјално ранливите категории на граѓани, а денес во Битола гледаме сосема поинаква слика, велат граѓаните.

Вечерва се протестираше и во Куманово, Игор Божиновски преку статус на Фејсбук пишува дека на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва му подаривме тегла со чист воздух, нека дишат тој и неговата администрација, кога веќе не можат нашите семејства, нашите деца, сите кумановчани.

Куманово е лидер по загаденост на воздухот во светски рамки!

-Проблемот оваа зима ќе биде уште поголем поради пандемијата од Корона вирусот. Власта на СДСМ на централно и локално ниво се покажа тотално неспособна во справување со овој проблем, сериозно опасен по здравјето на граѓаните.
Загадениот воздух убива!
Наместо живот, Заев, Филипче, Спасовски, Димитриевски … донесоа гасна комора за граѓаните!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.